Ние веќе со години сме водечка компанија и иноватор на нашите простори во областа на хомогените винил подни облоги. Големиот број на успешно реализирани проекти од комерцијален карактер и долгиот експлоатационен период покажуваат за екстремно високата издржливост и одличните технички перформанси на хомогените винил подни облоги кои ги нудиме. Развојот на технологијата, подобрувањето на техничките перформанси, соодветната полиуретанска заштита (PU Coated, PUR Treated и PUR Reinforced) и напредокот во дизајнот се причина да нашата понуда опфаќа хомогени винил подни облоги за секаква намена и типови на простории, а што не прави максимално флексибилни и конкурентни.

-
iQ – PUR reinforced
iQ е група на хомогени подни облоги од најсвискок квалитет, одлични перформанси на хомогените винил подни облоги. PUR зајакнати подни облоги во целата маса даваат добри одлики на облогата во делот на одржување.
Без полирање. Никогаш !
- Помалку користење на вода и хемикалии за одржување
- Заштеда повеќе од 30% за оддржување на подната облога во процесот на експлоатација
- Единствени дезени слика за перфектна атмосфера
Plus – PUR surface treatment
Ова е група на подови кои се површински посебно третирани со полиуретан (PUR surface treatment) предвидени за послаб третман при одржување..
Standard – PU coated
Стандардна група на производи на винил подни облоги, особено познати со присутност кај нас. Содржат најосновна полиуретанска заштита која ни дава обврска за почесто и посложено третирање на истите во процесот на одржување.