
ТЕКСТИЛНИ ПЛОЧИ
Текстилните плочи представуваат широка палета на бои, конструкции и дезени. Специјалната технологија на производство нуди можност за дезени и бои по нарачка кои воедно даваат можност за креирање на најразлични ентериери.
Опачината изработена од рециклиран винил дава добра димензионална стабилност и отпорност на абење како и подобри акустични особености. Високата технологија на специјално подготвени и боени влакна текстилните плочи ги прави исклучително отпорни на светлина и абење, а воедно многу едноставни за одржување.
ИГЛАНИ ПОДОВИ
Издржливост, лесно одржување, хигиена, безбедност, удобност, дизајн и декоративност, грижа за животната средина, лесна монтажа, висок квалитет и вредност за вложените пари се причина за поставување на стотици милиони м2 во високо фрекфентни приватни и јавни објекти низ цел свет.
ТАФТИНГ ВО РОЛНА
Тафтуваните текстилни подни облоги се идеални за енетриери каде се постигнуваат високи декоративни ефекти. 100% полиамидните Тафтувани текстилни подни облоги се специјално дизајнирани за високо фрекфентни простории.