Tarkett повеќеслојните паркетите се природни подови со едноставен стил, од широка до најтесна паркетна ламела, во широк спектар на различни видови дрво
Симпатични подови
Со дезените на Tarkett повеќеслојните паркети имате прилика да уживате во временската убавина на дрвото. Tarkett-овите паркети се изработуваат од најдобри видови на дрво- дезени за сечиј вкус.

Атрактивни дезени Tarkett – овите паркети се изработуваат од разновидни типови на дрво. Покрај популарните Бука, Даб, Јавор или Јасен, ни најмалку не се занемарени егзотичните видови на дрво кои Ви овозможуваат во целост да ги искажете Вашите декоративни идеи.
Синоним за елеганција Кога се во прашање топлината, шармот и создавањето на пријатна атмосфера, тогаш во ниту еден момент неможе да ја прескокнете убавината на дрвените подови. Богатиот изглед на масивното дрво уште повеќе допринесува во создавање на Вашиот шармантен и топол дом.
Единствено вградување
Речиси сите Tarkett- ови дрвени подови се наменети за поставување во секој тип на простор, дури и таму каде обичен дрвен под не би можел да обстане.
Лесно одржување и нега
Покрај одличната трајност, завршниот слој од полиуретан обезбедува долготрајна заштита против абење. Завршниот слој создава траен површински филм кој не треба да се полира со восок или нанесување нова заштита во тек н експлоатација кој воедно и обезбедува лесно одржување и зголемена заштита од гребнатинки.
Практични предности
Кога за прв пат ќе стапнете наTarkett-ов повеќе слоен паркет веднаш ќе ја воочите топлината и топлите тонови кои ги дава самиот под. Со нашите подови покрај традиционалната убавина добивате и многу практични предности кко што се долготраен изглед, убавина, топлина, трајност и способност на враќање на првобитниот изглед.
ScratchResist™ заштита од гребнатинки. Неизбежна трајност
Tarkett- овиот 7-фазен UltraWear™ Plus завршен слој против абење со ScratchResist™ заштита од гребнатинки и е завршен слој на база полиуретан/алуминиум оксид кој овозможува неизмерна заштита против нормално абење.Секоја фаза UltraWear™ Plus процес на нанесување на завршен слој подразбира стврднување на ултравиолетовите зраци, технологија која за прв пат е воведена во производството на паркетните подови. На тој начин завршните слоеви без примеси и разредувачи гарантираат неизбежна отпорност на абење и огреботинки како и длабочина во јасноста која не може да се добие на друг начин. Со Tarkett- овите паркети нема дополнително премачкување со восок и полирање!
Еколошко производство
За производство на традиционалните подови од масивно дрво потрбно е двострука количина на дрво од колку за повеќеслојните паркети. Завршните премази не се на водена база, а самите лепаци кои се користат при производството не содржат формалдехид.
Modern home. Што претставува модерен дом за Вас? Метал, стакло и камен? Ни сметаме дека Tarkett® овиот повеќеслоен паркет може да се вклопи во модерен дом многу повеќе одколку што веруваат сите други.
Нашата широка палета на Tarkett- ов повеќеслоен паркет Salsa со голем избор на дезени може да Ви овозможи да добиете модерен дом кој ќе добие лик многу поубав од Вашите очекувања.